| четврток, 6 декември 2018 |

Снимен моментот на експлозијата во Истанбул (ВИДЕО)

Експлозијата се случува два часа по фудбалскиот натпревар на Водафон арената, помеѓу Бешикташ и Бурсаспор, а засега нема информации за загинати лица

Снимен е моментот на новиот бомбашки напад во Турција.

Најмалку 20 полицајци се повредени во експлозија што се случи синоќа во близина на фудбалски стадион на турскиот гигант Бешикташ.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека експлодирал автомобил бомба поставен пред стадионот, во центарот на градот. Според Министерот, автомобилот бомба бил насочен конкретно кон полицијата.

Се претпоставува дека станува збор за автомобил бомба на местото каде што се наоѓаа нашите специјални полициски сили веднаш по натпреварот, на излезот за навивачите на Бурсаспор. Експлозијата се случила откако навивачите си заминале, изјави Сојлу.

Експлозијата се случува два часа по фудбалскиот натпревар на Водафон арената, помеѓу Бешикташ и Бурсаспор. Загинаа 29 лица, а 166 се ранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top