Според првичните информации од Државната изборна комисија сите избирачки места се отворени и досега нема ниту една пријава за некакви проблеми во однос на отворањето на избирачките места во 7 часот.
Првата конференција за медиуми ДИК ќе ја има во 11 часот.
Изборите се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици.
Број на гласачи по изборни единици: ИЕ 1: 295.948; ИЕ 2: 306.471; ИЕ3: 280.727; ИЕ 4: 282.537; ИЕ 5: 290.433; ИЕ 6: 307.817.
На изборите учествуваат: коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), коалицијата За живот во Македонија предводена од СДСМ, Коалицијата За промени и правда-Трет Блок предводена од Демократскиот сојуз, Партијата за демократски просперитет (ПДП), коалицијата Алијанса за Албанците, Либералната партија, коалиција ВМРО-За Македонија, коалицијата Преродба со Беса и Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот