| четврток, 6 декември 2018 |

Нејзиниот фустан и тијарата ќе ги запомнат сите!

%d0%ba%d0%b5%d1%98%d1%82
Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, на годишниот дипломатски прием во Бакингемската палата носела неодолив фустан и тијарата која лејди Ди ја обожувала и постојано ја носела.

Војвотката од Кембриџ го привлече вниманието на јавноста појавувајќи се облечена во светло црвен фустан, и уште ја носела тијарата на најголемиот дипломатски настан во Британија.

Тијарата Дијана ја добила како свадбен подарок. Фотографиите кои излегоа предизвикаа хаос на социјалните мрежи – Кејт со тијарата која ја ставила и` оддала почит на својата почината свекрва која никогаш не ја запознала.

%d0%ba%d0%b5%d1%98%d1%82%d0%b8
Инаку, Кејт веќе еднаш го носела овој фустан и тоа на истиот настан пред две години. Меѓутоа, ова е петти пат како ја носи тијарата, иако во кралското семејство е повеќе од шест години. За нејзината почината свекрва тијарата бил заштитен знак и речиси никогаш не се појавувала на официјални настани без неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top