| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш не е доцна да се покаете – денеска е Св.Јаков Персиец

%d1%98%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%b2

Денеска е Св. маченик Јаков Персиец. Се роди во Елапа, Персија, од родители христијани. Му беше миленик на персискиот цар Издигерд и имаше високо место на дворот. Почестите што му ги даваше царот му го замрачија умот, па во една прилика се најде себеси како заедно со царот им принесува жртви на глувите и неми идоли. Кога дознаа за тоа, неговите родители му испратија писмо во кое го оплакуваа како духовен мртовец и го молеа да се покае и да му се врати на Христа. Тој се покаја, па смело излезе пред царот како христијанин. Овој пак, заборави на својата љубов и нареди Јакова да го исечат на парчиња. Свети Јаков пострада во 400 година. Дел од неговите мошти се наоѓаат во Рим.

Поради фактот дека во еден момент во животот, воден од моменталната состојба и користа која ја имал, овој светител скршнал од вистинскиот пат на верата, тој денеска се смета за заштитник на сите оние кои некогаш погрешиле, но и ја увиделе својата грешка и се вратиле под закрилата на христијанството.

Затоа ако чувствувате дека сте на погрешен пат, ако во длабочина на душата знаете дека сте погрешиле, никогаш не е доцна да се покаете!Замолете го Св. Јаков да ве поведе и помошта сигурно ќе дојде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top