| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен „гризачот“: Угризувал луѓе под анестезија

Полицијата во Сомбор сослушала 36-годишен маж кој се товари дека по договор со сограѓани им давал анестезија, а потоа со модификувани клешти им нанесувал повреди налик на угризи од кучиња скитници. На тој начин, земале отштета од градот и ги делеле парите со „гризачот“ и му нанеле штета на градскиот буџет.

Граѓани со траги од угризи се јавувале во здравствени установи и го пријавувале настанот за да добијат отштета од локалната самоуправа.

При претресот на станот на осомничениот полицијата пронашла лекарски извештаи, шприцови, анестетици, метални клешти и други предмети за кои полицијата се сомнева дека ги користел за извршување на кривичното дело.

Против осомничениот ОЈО во Сомбор ќе поднесе кривична пријава за измама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top