Мајката на компјутерскиот гениј Марко Чаласан денеска ја изгуби битката со болста. Радица Чаласан, која што беше воедно и негов ПР менаџер, почина по долга битка со ракот, објави „Фокус“.
Радица, која по потекло е од Неготино, долги години живееше во Скопје. Уште пред осум години и бил дијагностициран рак на дојка, и тогаш таа јавно прозборе за болеста, но и за желбата да се избори со неа, за нејзиното дете да расте покрај мајка.
Пред пет години болеста се повлекла, но пак и се вратила пред извесно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.