| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со нова потврда: Двојазичност за децата во училиштата и надминување на Рамковниот договор

Двојазичност за децата во училиштата и проширување на Рамковниот договор, повторно повтори и потврди лидерот на СДСМ Зоран Заев во вчерашното интервју за МТВ. Иако се обиде да ги негира првично дадените изјави, Заев не отстапува од воведувањето на двојазичност на територија на целата Македонија.

– Ако Рамковниот договор не допрецизирал дека треба да има професор по теорија и солфеж во Куманово каде што постои двојазичност по Устав и по закон треба да го напрвиме тоа заради децата наши, апсолутно не губи никој од ваквата работа – изјави Заев.

Претседателот на СДСМ во неколкуте изјави кои се појавија во јавноста, пред се дадени пред албанската дијаспора во Швакцарија јасно потенцираше дека се залага за двојазичност во цела Македонија, федерализација на државата, промени на Уставот, и проширување на рамките на Охридскиот рамковен договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top