Македонија бележи нов пад на невработеноста – историски најниски 23,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2016 година стапката на невработеност изнесува 23,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на 2015 година бележи намалување од 2,7 отсто, во однос на третиот квартал 2015 година стапката на невработеност е пониска за 1,1 отсто, а во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за еден отсто.
Според објавените податоци, Република Македонија брои 949.944 лица, од кои вработени се 727.985, а 221.959 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,6, стапката на вработеност е 43,4 отсто.
Од невработените, мажи се 61,7 проценти, а жени се 38,3 отсто. Најголема е стапката на невработеност во групата од 25 до 49 години. Според образованието, најголема е стапката на невработени со четиригодишно средно образование 99.954 лица. Со основно се 46.831, со високо 39.237, со тригодишно средно образование 25.623, со незавршено основно образование 4.257, со више 3.598 и без образование 2.459 лица.
По повод најновите бројки за пад на невработеноста, преку свој статус на „Фејсбук“ се обрати и лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Никола Груевски.
– Резултатите се неизбежни кога толку посветено се работи и се вложува огромна енергија. Денес државниот завод за статистика констатираше нов пад на невработеноста која изнесува 23,4 отсто или за 0,6 отсто помалку во однос на претходниот квартал. За точно една година имаме нејзино намалување од 2,1 отсто. Ова се должи на добрата бизнис-клима, политиката на привлекување странски инвестиции, поддршката на домашното стопанство… Дотолку повеќе ова е значаен успех бидејќи доаѓа во време на тешка политичка криза, на уцени, превирања, деструкција, на тенденции за кантонизации, разградувања на државата… но, само доколку искрено се работи, и покрај сите удари цврсто се верува во она што се работи, резултатите се неизбежни. Тоа најдобро го знаат 168-те илјади граѓани кои добија работа во последниве 10 години, од кој според извештаите на ДЗС, околу 8 илјади во последното тромесечие.
Инаку имаме пад од над 14 отсто на невработеноста, од 38 отсто во 2005-та, на досега рекордни 23.4отсто. Тоа е така бидејќи ние силно се посветивме на решавање на овој најголем проблем за граѓаните. Политичарите се вреднуваат, не по зборовите, туку по делата зад себе. Јас нема како моите конктуренти да зборувам за апстрактни поими или пак за поделби, федерализации, јас ќе продолжам да зборувам за она што го прави животот подобар, новите работни места и подобрување на животниот стандард. Ние ќе продолжиме со таквата политика и во наредниот мандат ќе отвориме нови 70 илјади работни места за дополнителен пад на невработеноста на 18 отсто, односно 17 отсто. Можам да кажам дека успеваме во она што ни беше првенствена цел кога ја добивме одговорноста од граѓаните, да ја намалиме невработеноста. И да, се исплатеше секој напор, многуте часови посветена работа. Ова е заеднички успех, успех на сите граѓани. Ова е нашата победничка Македонија каква граѓаните ја сакаат и заслужуваат. Ова дава и одговор на прашањата кој може подобро да работи за иднината на граѓаните, кој подобро се справува со проблемите, кој отвора работни места, носи инвестиции, кој е подобар за иднината на граѓаните? Затоа овие избори се многу важни, бидејќи ова е одлука со која секој граѓанин одлучува за себе, но и за Македонија – напиша Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)