| четврток, 6 декември 2018 |

Најгледаната продукција на МОБ, „14 часа“ гостува во Ротердам, Холандија

В сабота, 10.12.2016 година, во Ротердам (Холандија) ансамблот на балетот на МОБ ќе  ја изведе една од најгледаните балетски продукции во МОБ, „14 ЧАСА“.

Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Наташа Јосифовска, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Дафина Данилоска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Агим Бафтии, Мирослав Митрашиновиќ и Светлин Стојанов (Бугарија)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top