| четврток, 6 декември 2018 |

Народот прашува дали со црни пари се финансира целокупната кампања на СДСМ?

Народот прашува дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос

Колку пари чини кампањата на СДСМ и кој сѐ ги финансира скапите партиски активности, освен невработените претставници на Шарената револуција кои се најдоа на избирачките листи?

Начинот и изворите на финансирање на СДСМ сѐ повеќе се наметнува како сериозно прашање на кое ќе мора да одговори Зоран Заев по изборите, со оглед на фактот дека денеска завршува изборната кампања, а од ноќеска почнува изборниот молк.

fotelja

Дизајнерска фотелја – 55.000 денари

Како и да е, сомневањата дали Заев и СДСМ ја финансираа кампањата со легални или со црни пари нема да останат заборавени и по изборите во недела.

Плакати на албански јазик во Дебар

Плакати на албански јазик во Дебар

Јавноста повеќе од сигурно е дека ќе се интересира како партијата која на половина од кампањата пријави приходи од 32.9 милиони денари (речиси 550.000 евра) обезбедени од донации и чланарини, успева да води толку скапи партиски активности, да плати толку скапи рекламни спотови, пропаганден материјал печатен на два јазика…

prilep-albanski-letoci-2-520x693

Леток на албански во Прилеп

Пријавената сума е далеку под реалната која е потребна да се искешира за олкава активна кампања.  За илустрација, митинг како скопскиот или во друг поголем град чини од 100.000 до 200.000 евра. Бина, осветлување, озвучување, обезбедување, автобуси, пејачи, пропаганден материјал печатен на два јазика ја удвојува сумата потребна за пенкалца, локуми, летоци, плакати, но и двојни рекламни спотови на телевизиите.

letok-kumanovo-albanski-520x693

Летоци на кои албанскиот јазик е пред македонскиот, делени во Куманово

Земајќи предвид дека СДСМ не отпстапува од идејата да ја протурка двојазичноста и федерализацијата по секоја цена, видеоспотовите и другата платена политичка програма се емитува на македонски и на албански јазик.

eden-1

Двојазичноста во Тетово се турка преку еднојазичност – плакати испишани на албански

На тој начин не само што СДСМ е презастапен на телевизиите, туку и сумата што ја изделува е двојна од сумата што ја плаќаат другите партии кои се рекламираат на еден јазик.

penkala-sdsm-albanski-ohrid

Пенкала што се делат во Охрид

Реално, сумите од донациите на „шарени револуционери“ колку и да се високи за невработени лица како нив, сепак се само капка во морето пари потребни за да се плати скапиот проект.

analiza221-milcin-hasim

Владимир Милчин, доскорешниот прв човек на СОРОС во Македонија, вчера е одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи

Оттука се наметнува прашањето дали и кој ја финансира кампањата на СДСМ со црни пари? Според интересите кои се застапуваат во програмата и кампањата на СДСМ, логично се наметнува прашањето дали зад сето тоа стојат Сорос, албанската дијаспора и фирмите на кланот Заеви.

sdsm-trosoci-za-kampanja

Во време кога целиот имот на партијата е заложен под хипотека за кредит од милион и шестотини илјади евра во Комерцијална банка, како што пишувавме во јули, СДСМ си дозволува скапа кампања.

Кој кого киднапира: Шарениете партијата или Заев нив?

Шарените ја киднапира партијата или Заев ги киднапира шарените за да му ги финансираат апетитите? Како што одминува времето станува поизвесно дека Заев ги вдоми шарените за помазно да влегуваат парите на Сорос директно во врвот на партијата, избегнувајќи го „смртното членство“.

zaev listi sdsm kongres

На 21 Конгрес на СДСМ, што се одржа на 6 ноември, многу работи кои беа јасни однадвор, станаа јасни и однатре. Објавувањето на пратеничките листи беше врела шлаканица за долгогодишни членови на СДСМ на високи позиции во Собранието и во претставнички тела на СДСМ.

sdsm-kongres-2016-plan-za-makedonija-14-custom

Општ е ставот, и во јавноста и во маргинализираното крило на партијата, дека со олкав број кандидати од невладиниот сектор, кој го контролира Шеќеринска, се нанесува директна штетана СДСМ, бидејќи тоа значи дека ќе добијат државни функции без партија. Со други зборови конечно Сорос и невладиниот сектор ќе добијат превласт во политиката. Но, превиденен фактот дека кај шарените се парите кои во услови на безидејност му се повеќе од потребни на Заев. Сепак, лојалното членство работи од „љубов на секакви временски услови“, но месијата се води од мислата кога немаш план, понеси повеќе пари.

ivana tufegdzik

Невработената Ивана Туфегџиќ за пратеничко столче донирала 101.900 денари

Кампањата на СДСМ само за 10 дена ја чинела „граѓанската активистка“ и кандидат за пратеник на опозицијата Ивана Туфегџиќ 101.900 денари. Според официјалниот финансиски извештај таа во два наврати донирала на сметката на СДСМ за изборите 42.900 на 29. ноември и два дена подоцна 59.000 денари. Нејасно е од каде ѝ се средствата на Туфегџиќ, која е невработена, за да си го плати пратеничкото место.

miting-aerodrom-zaev-pendarovski-2-large

Невработениот Павле Богоевски донирал 99.000 денари

Дека „граѓанската активност“ добро се исплатува покажува и случајот со „шарениот“ Павле Богоевски. Тој во два наврати на Заев за своето пратеничко место му платил 99.000 денари, 40.000 на 23 ноември и 59000 пет дена подоцна.

Мухамед Зекири во Арачиново

Мухамед Зекири во Арачиново

Колку е скап функционерскиот живот на своја кожа почувствува и новопечениот политичар, довчерашен новинар, Мухамед Зекири. Тој во кампањата на СДСМ за 10 дена донирал 4 пати, сума во вкупен износ од 180.000 денари.

Албанската дијаспора не штеди за големоалбанштина

Во финансискиот дел, како и во програмскиот, на СДСМ како важен играч многу веројатно е да се наметнала и албанската дијаспора. СДСМ има политичка позиција во Македонија, од која многу полесно од која и да било друга опција, особено чистоалбанска партија, може да ги протурка за албански пари албанските идеи. Логично партнерство.

Федерализацијата на Македонија ја движи „Струмица гас“

mega-skandal-gas-sdsm-strumica

Во Струмица, гас се набавува од фирма чиј газда и директор е претседател на комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски. Освен партиската поврзаност и злоупотребата на службена должност од функционерите во општина Струмица за партиски цели, најстрашното е што гасот кој ЈП “Струмица гас” му го плаќа на партискиот другар на Заев е двојно поскап од сите други во државата. Со тоа, Струмица гас му овозможува на и “СИ ЕН ЏИ Системс” да остварува милионски профит, кој потоа може да преспоставиме за кои намени и меѓу кои луѓе се дели, обелодени весникот „Вечер“ неодамна.

Народот прашува дали се легнати огромни суми пари на сметки на физички лица од најтесното раководство на СДСМ и исто така дали се легнати огромни суми пари на сметки на правни лица блиски до Заев, СДСМ и Сорос?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top