Предизборната кампања истекува, нервозата во СДСМ кулминира, а клопчето околу Заев се одмотува и на виделина излегуваат сите личните мотиви на Заев за туркањето проалбанска политика, за двојазичност и пронмена на Уставот.
Заев ја радикализира и албанизира партијата со Зекири и Адеми во високите тела на СДСМ
Во дебатата на организацијата „Албинфо“, а на која учествуваше и албанскиот политичар Зијадин Села, Заев гордо ги открива причините зошто форсира двојазичност и промена на Уставот. Тој тврди дека СДСМ има 70.000 членови, од кои 10.000 се Албанци.
–Повеќето од опозциските партии имаат многу добра соработка со нас, но исто така во нашата партија ние имаме членови од албанската етничка група. На пример, ние имаме 70 илјади членови, од кои близу 10 илјади се Албанци, вели Заев.
Јасно е дека Заев ја албанизира партијата а особено е симптоматично што отккао е тој претседател на партијата високот раководство на СДС, Централниот и Извршниот одбор, ги здомија радикалните исламисти Едмонтд Адеми и Мухамед Зекири.
Оваа инстант промена во врвот на СДСМ, која наиде на голем опор од македонското членство, кое јавно или премолчено се повлекува од СДСМ, дојде само 100 дена пред изборите.
Трансформацијата на Мухамед Зекири од независен новинар во висок партиски функционер траела помалку од 48 часа, што и не зачудува имајќи предвид дека Заев има само 100 дена да ги продобие албанските гласачи со чиишто гласови планира да победи на овие избори.
Зекири во Централниот одбор и Едмонд Адеми во Извршниот одбор се радикалното јадро околу кое, во агонијата која произлегува од безидејноста и сѐ поголемиот раскол во партијата, Заев ќе се обиде да приврзе гласачко тело кое треба да му обезбеди победа на изборите на 11 декември.
Заев во Швајцарија: Двојазичноста и поддршката од Андреас Грос
Заев додава и дека било големо задоволство е да се дебатира за актуелните проблеми со еден политичар како Андреас Грос, кој смета дека македонските деца треба да учат албански и јазиците да се изедначат.
– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Kај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски, изјави Грос.
Не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија. Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата, беа дел од стандалозни изјави од страна на Заев, искажани пред Албанците во Швајцарија.
Тој ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.
Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
–Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
–Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)