| четврток, 6 декември 2018 |

Кое време во денот е најдобро да се вежба?

Ако вашата утринска рутина вклучува вежби со силен интензитет, истражувањата сугерираат дека грешите. Најдобро време за вежбање навечер.

Часовите на неактивност го прават утрото не многу идеално за вежбање. Кога ќе станете од креветот, вашите мускули можат да бидат укочени заради лежењето уште некое време, што значи дека морате темелно да се истегнете и да го припремите вашето тело пред да одите во теретана. Од друга страна, до крајот на денот температурата на вашето тело ќе расте и вашето тело ќе биде повеќе спремно за напорните телесни вежби

Студијата на универзитетот во Калифорнија покажа дека луѓето кои вежбаат навечер се во состојба да заспијат само по 30 минути, откако ќе ја напуштат патеката за трчење. Истражувачите трврдат дека тоа е заради намален крвен притисок и напнатост во мускулите по трчењето.

Заради промена на рутината и поставување на тренинзите во вечерните часови, полесно ќе можете да го зголемите интензитетот на вежбањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top