Теоретичарите на завери тврдат дека Исус Христос ќе се врати на Земјата овој месец, водејќи го својот народ кон Рајот и оставајќи ја земјата целосно стерилна во наредните 1.000 години.
Нора Рот, христијанка и компјутерски програмер, вели дека се направени сложени пресметки кои укажуваат дека апокалипсата ќе дојде до крајот на 2016 година. Во тој момент „вечната правда ќе биде доведена и Земјата ќе биде оставена да се одмори со милениуми“.
Овие тврдења се поставени на сајтот на госпоѓа Рот под назив „2016 време на крајот“, пренесува Дејли меил.
– Во есента 2016. година, на гревот стар 6.000 години ќе му дојде крајот, вечна правда ќе биде воведена, а Исус повторно ќе дојде да го одведе својот народ во Рајот, напишала Рот.
Според нејзините зборови, Земјата ќе го почне својот 1.000 годишен одмор.
Таа смета дека секоја личност има пробен период на Земјата, а нејзините пресметки се засновани на изводи од Библијата, од Книгата на пророкот Данил од Стариот завет, кој ја раскажува приказната за Евреите присилени да се преселат во Вавилон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема да ја дочекаме Нова година: Оваа жена најавува дека ќе дојде апокалипса
-
Крајот на светот ита кон нас, но тоа не е астероид туку нешто многу поголемо и пострашно
-
„Дејли меил“: Лажни пораки предизвикуваат насилство на грчко-македонската граница
-
Србија во паника: коњите на Апокалипса се појавија на небото (фото)