Експанзијата на технологијата доведе до развoj на роботите и смртоносните вируси, кои претставуваат огромна закана за човештвото. Освен тоа, климатските промени, нуклеарната војна и природните катастрофите се тоа што научниците го сметаат како почеток на апокалипсата.
Некогаш одамна, чумата убиваше луѓе во светот, а некои научници сметаат, врз основа на ДНК анализата, дека токму тој вирус придонесе Римското Царство да биде скршено. Меѓутоа сега работата е малку поинаква.
Чумата е минато, но постојат „нови вируси“, кои ја зафатија целата планета. Конкретно, на тие вируси исклучително влијае технологијата и нејзиниот развој.
-Постојат некои „страшни работи“, кои нема да случат баш за една година, но кога ќе дојде до нив, нашиот свет ќе биде преобликуван. Историјата не научи дека сите тие „страшни работи“ се менуваат и растат како што напредува технологијата – кажал Себастијан Фаркухар, директорот на организацијата на Глобално приоритетните проекти.
Инаку за развојот на технологијата одговорен е човекот и лесно може токму на него да му се припише и одговорноста за сите негативни промени на планетата. Тој автоматски е одговорен за климатските промени и природните катастрофи кои допрва ќе се случат.
Во наредните пет години, најголема опасност по населението се вукланските ерупции, земјотреси и големите климатски промени.
Исто така, голема закана по човештвото претставуваат и вирусите кои се „пуштени“ од лабараторија. Токму таква една ситуација со која се соочи целата Земја беше птичиј грип, а и ден денес се појавуваат случаеви кои заболуваат од овој грип.
Себастијан предвидува дека во иднина може да се очекува дека озлогласената терористичка група, Исламска држава ќе направи вирус кој ќе избрише голем дел од населението на Земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.