| четврток, 6 декември 2018 |

„Дејли меил“: Лажни пораки предизвикуваат насилство на грчко-македонската граница

Лажни пораки и ветувања, поттикнуваат нервозата и ги предизвикуваат насилства на грчко-македонската граница, која е затворена за емигрантите од Средниот и на Блискиот Исток, кои сакаат да дојдат до земјите од Западна Европа, пишува лондонски „Дејли меил“.
133127613

Весникот наведува дека по послените инциденти на границата и интервенциите на македонската и на грчката полиција, биле уапсени 17 лица, меѓу кои и двајца Британци.
Според „Дејли меил“, покрај Британците, биле упасени и активисти на разни хуманитарни организации од Германија, Австрија, Холандија, Шведска и Грција.

Тие се обвинети за „ширење лажни вести“ меѓу мигрантите за тоа дека македонско-грчката граница е одново отворена.

Според „Дејли меил“, по ваквите добиени лажни информации стотина најнасилни меѓу мигрантите, од кои повеќето се на работ од исцрпеност, се обиделе да ја урнат оградата на граничната линија и насила да влезат во Македонија.

Интервенираше македонската полиција, но од другата страна на жичаната ограда реагира и грчките погранични сили, кои подоцна ги уапсија оние кои ширејќи лажни вести, ги предизвика немирите, наведува весникот, додавајќи дека не е јасно зашто дел од хуманитарците шират лажни вести.

На импровизираниот камп кај Идомени се уште има околу 11.000 мигранти. Грчките власти ветуваат дека ќе ги раселат од таму во логорите во Северна Грција и во внатрешноста на земјата, но целата таа операција оди многу бавно.

Лондонскиот весник пишува дека ваквата состојба со беглаците на границата ја дораспалува и онака тензичната атмосфера во билатералните односи меѓу двете земји, создадена од 25-годишниот спор околу името на Македонија.

Скопје обвинува дека Грција не прави ништо за да се спречи насилството, додека Атина тврди дека македонската полиција употребува прекумерна сила, додава „Дејли меил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top