| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери: Виновен сум само јас, одлучив да ги сменам сите играчи

lester

Поразот на Лестер од 5-0 против Порто во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите е најубедливиот кој го доживеал некој клуб од Островот во најелитното фудбалско клупско натпреварување во Европа. ’Петардата’ не влијаеше на пласманот во осминафиналето на „лисиците“ бидејќи првото место веќе е обезбедено, но тренерот Клаудио Раниери не го криеше своето разочарување по високиот пораз.

– Јас одлучив да го променам тимот, така што резултатот е само моја вина. Играчите пропуштија огромна можност да се покажат во најдобро светло и да ми докажат дека заслужуваат поголема минутажа во Премиер – лигата. Сакав на сите играчи да им пружам шанса, но разочаран сум од нивниот пристап и реакцијата на теренот. Да ни требаше победа или реми сигурно ќе играа стандардните првотимци. Кога имавме обезбедено прво место во групата, а ни претстои дуел со Манчестер сити, одлучив да им дадам шанса на играчите кои постојано ме прашуваат зошто не играат во Премиер – лигата и мислат дека можат да ја променат ситуацијата во која се наоѓаме во првенството. Погрешив и поради тоа загубивме, а тие пропуштија убава шанса да се докажат – заклучи Раниери кој промени десет играчи во составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top