| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ја има најквалитетната програма до сега и гарантира за реализација на проектите

todorov

ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма до сега, а освен програма треба и да се даде гаранција дека тоа ќе се остври. ВМРО-ДПМНЕ може достоинсвено да застане пред граѓаните и да покаже што се било ветено е остварено и реализирано, истакна носителот на листата во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров на вечерашниот митинг во Ѓорче Петорв.

– Секој треба добро да размисли, низ што се поминавме и дали ова што и се случуваше на Македонија беше во нечија корист или нечија штета. Дали беше во корист на граѓаните и дали се она што и се случи беше добро или лошо. Дали тоа ви донесе нешто добро? ВМРО-ДПМНЕ ја има најквалитетната програма досега. Стотици проекти за унапредување на секој град. Важно е да имаш програма, но уште поважно е да имаш гаранција дека тоа се ќе се оствари. Гарант за тоа е фактот дека ВМРО може достоинствено да застане пред народот и да каже и покаже што се сме ветиле, тоа и сме реализирале, истакна Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top