Министерството за образование и наука денеска го објави огласот за избор на архитектонско биро коешто ќе треба да ја изработи проектната документација за изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“, во рамките на Клиничкиот центар во Скопје, објави Буилд.
Најповолниот понудувач ќе има задолжение да подготви основен проект, проект на изведена состојба, проект за употреба и одржување, да обезбеди стручни консултации во подготовката на тендерот, како и да го изврши проектантскиот надзор за време на реализацијата на објектот. Понудите од заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 10 јуни. Идниот капацитет за сместување на студентите треба да се подигне на местото на постоечките бараки од студентскиот дом популарно познат и како „Медицинар“. По изготвувањето на целокупната документација, предвидено е градежните работи да стартуваат кон крајот на годинава или на почетокот од 2014 година. Финансиските средства за реализација на објектот ќе се обезбедат од државниот буџет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата