Ви го пишувам ова писмо, како одговор на вашето писмо, со кое сакате да ме подучите, да ми укажете, да ми се заканите и да ме повикате да ви се придружам, се во едно. А сето тоа изградено врз основа на,како што самите велите,”сериозни индиции”. Значи,без какви било аргументи,туку врз основа на индиции,вие ми се обраќате,со желба, се вели во отвореното писмо на претседателот на МААК Страшо Ангеловски испратено до првиот човек на МОСТ, Дарко Алексов.
Прво: да ме подучите дека “Република Македонија е демократска држава во која владеењето на правото,политичкиот плурализам и слободните демократски избори се дел од темелните вредности на Уставот на РМ.”
Е па,господине Алексов,во далечната 1990-та година,учествувајќи во создавањето на МААК,првоформираната политичка партија во дотогашниот едноумен и еднопартиски систем,јас сум еден од оние кој се заложи за Република Македонија како независна,суверена,политички плурална и демократска држава,со Устав на кој вие денес може да се повикате,но,тоа не ви дозволува,во името на тој Устав кого било навредливо да подучувате на демократија и политички плурализам.
Второ: сакате да ми укажете дека во последните неколку изборни процеси постоеле “сериозни индиции” за притисоци врз вработените во јавниот сектор да обезбедат гласачи за одредена политичка партија.
Е па господине Алексов,бидејќи вашето обраќање до мене сте го изградиле врз основа на “сериозни индиции”,со што станува целосно безвредно,ќе ви кажам дека постојат сериозни индиции, дури и јавно изнесени докази, дека сите набљудувачи на последните неколку изборни циклуси од вашата “граѓанска” асоцијација биле членови на една политичка партија – СДСМ. Оттука,со оглед на овие индиции,не знам од каде вие ја црпите дрскоста да се обраќате кому било во оваа држава и да говорите за злоупотреби,притисоци и условувања,произлезени од,како што самите велите “индиции”.
Трето: ме предупредувате,или можеби ми се заканувате,дека за вршење на вакви дејствија се одговара и кривично,доколку истите бидат докажани во судска постапка.
Е па господине Алексов,постојат сериозни индиции дека вие и вашата “граѓанска” асоцијација сте биле финансирани со крвави пари од Катар и Саудиска Арабија,од истите извори од кои се финансира и Исламската Држава. За вршење на такви дејствија,господине Алексов,доколку истите му бидат докажани во судска постапка,на сторителот,во зависност од извршеното кривично дело,може да му биде изречена казна затвор од најмалку 3 години и забрана за вршење дејност на правното лице.
Затоа,ја користам оваа можност да ве повикам да престанете да вршите едноумен и еднопартиски притисок,нешто против што се објавивме уште во 1990-та,па да не оставите нас,граѓаните на оваа држава,да продолжиме со натамошна изградба на сопствено,автентично (без странски пари и притисоци) слободно и демократско општество.
Страшо Ангеловски, претседател на МААК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.