Макроекономските параметри покажуваат дека бизнис климата и економската состојба во Македонија се движи во рамки на предвидувањата, оцени денеска Митко Алексов, извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија.
– Очекуваме да ги добиеме резултатите за првиот квартал од годинава во делот на БДП што ќе покаже дали предвидениот раст од 4 проценти за целата година ќе почне да се остварува. Според индикациите и активностите кои ги имаме пред се од носечките сектори, односно градежниот, рударскиот, металниот, текстилниот и метало-преработувачкиот сектор и преработките на храна очекуваме овие резултати да бидат поволни – рече Алексов, одговарајќи на новинарско прашање како политичката криза во земјава влијае на бизнис климата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.