| четврток, 6 декември 2018 |

Алексов го знае рецептот како до многу пари: Одработувај за СДСМ, направи платформа со СОРОС

Првиот човек на невладината „МОСТ“, Дарко Алексов, кој несомнено и според признанијата на самите членови на СДСМ е нивна продолжена рака, очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на „МОСТ“, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци. Невладината МОСТ која служи за мониторинг на избори и работи како продолжена рака на СДСМ е параван зад кој се вртат милиони. Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет, објави „Журнал“.

Darko-Aleksov-MOST-SDSM1-640x341

Невладината МОСТ влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владимир Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.

most-soros

Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владимир Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. На оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации.

Очигледно Дарко Алексов го знае рецептот како до многу пари. Одработувај за СДСМ и направи платформа со СОРОС. Резултатот од ова се 4 милиони евра пари на сметката на МОСТ за неколку години, и две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов.

За потсетување, Алексов заедно со уште тројца други  се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од  1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.

Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top