Пред 53 години, на 22. ноември 1963 година, бил убиен американскиот претседател Џон Кенеди. Книгите „Госпоѓа Кенеди и јас” и „Пет претседатели“ откриваат што навистина се случило и тоа од некој што во тој момент бил на самото место – агентот на тајната служба, Клинт Хил.
Извадок од книгата на Клинт Хил: Пет претседатели: Моето неверојатно патување со Ајзенхауер, Кенеди, Џонсон, Никсон и Форд”
-Недела 24. ноември беше ден кога телото на убиениот претседател беше однесено во Вашингтон. Тоа утро добив итна порака да се вратам во резиденцијата. Госпоѓа Кенеди и нејзиниот девер Роберт сакаа да се видат со претседателот за последен пат. Трчав низ ходникот кон источната соба, каде генералот Годфри МекХју ја чекал госпоѓа Кенеди и државниот обвинител”.
Откако побара од почесната гарда да се сврти и да се тргне од ковчегот, генералот МејХју полека го тргна знамето и заедно го кренавме капакот од ковчегот. Го видовме претседателот Кенеди во тој тесен ковчег, со затворени очи, како мирно спие.
МекХју и јас се оддалечивме од ковчегот и дозволивме првата дама и братот на претседателот да се простат од човекот кој неизмерно го сакаа.
Расплакана, госпоѓата Кенеди се сврте кон мене и ме праша дали може да и донесам ножици. Брзо најдов во некоја од канцелариите низ ходникот, и ги подадов и се свртев да им дадам малку приватност. Свртен со грб кон ковчегот, слушнав звук на ножици и плач, додека Џеки сечеше прамен од косата на својот сопруг.
Роберт Кенеди полека го затвори ковчегот, ја фати госпоѓата Кенеди за рака и заедно излегоа од Источната соба. Генералот и јас проверивме дали ковчегот е безбедно затворен. Погледнав во часовникот. Беше 12:46. Го видов претседателот Кенеди за последен пат во животот. Ковчегот повеќе не беше отворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)