| четврток, 6 декември 2018 |

Имам син дебил…

Доколку имате дете тинејџер, кое целосно ве игнорира и со кое не можете да најдете заеднички јазик, издвојте малку време за да ја прочитате најкусата консултација кај психолог.

Ја пренесуваме во целост:

„Дојдоа заедно. Маж и жена, Прв пат кај мене. Јас сум уморна (петта консултација по ред), малку гладна, но целосно смирена.

– Јас сум прв пат кај психолог!, зборува мажот раздразнет. – Жената ме убеди да дојдам тука.

– И?

– Што „и“? Имам син. Ние имаме син. Син дебил!, нервозно одговори тој.

– Дебил е психијатриска дијагноза, велам смирено. – Вашиот син во таа смисла е дебил?

Мажот веќе почнува да ме гледа како дебил. Тогаш се врти кон жената, прашувајќи ја: – Кај кого ти всушност ме донесе?

Таа се склупчи, седи на крајот на столчето, го врти погледот. Рацете ги ставила на колената. Тој почнува да се мурти, се врти кон мене, молчи. извираат емоции, се невира се повеќе и повеќе.

– Па вие сте психолог, зарем не? Хм…Па, кажете ми што треба да сторам со него?

– Со кого?

– Со синот!

– А што е со него?

Мажот ги шири очите, изненадувајќи се на мојата глупавост и неспособност да чита мисли. Повторно се врти кон жената со прашање: – Каде ја пронајде оваа будала? Но, жената е искусен војник, седи не кревајќи го погледот и само по бледилото на нејзиното лице јас ја разбирам – целата сила ја потрошила за да го донесе мажот тука.

– Тој не гледа подалеку од својот нос. Будалетинка! 14 години, а се однесува како…

– Како?

– Доаѓам дома. Од работа. Неговите патики стојат среде ходникот. Јас нему: Дали правиш нешто во животот? Барем патиките стави ги на своето место. Сто пати сум му кажал да не го остава чевлите среде ходник. Но, не, дебил, ништо не разбира. Се во животот му изгледа лесно. Еве го скшрил новиот телефон. Ништо не цени. Ништо не ми зборува, не ми се доверува. Со мајка му се расправа. Дома ништо не прави. Зборувал, не зборувал како да се обраќам на ѕид. И како да се однесувам со него? Како да пронајдам заеднички јазк? Вие сте психолог, па тогаш кажете ми вие мене! Имате ли некаков рецепт?

– Има, одговарам, нарушувајќи ги сите какони на психолошката пракса.

– Имате ли решение?

– Имам, се изненадувам уште повеќе на своето безобразие.

Да разбирате, постои алгоритам на психолошка консултација. Особено првата. И мене ме учеа дека првиот состанок е збир од информации, дефиниции на проблемот, воспоставување конакти. Не станува збор за некаква терапија. Особено не за пронаоѓае на какво било решение за проблемот. Не знам што ми стана…

– Дали исправно ве разбрав дека вие не знаете како да разговарате со синот и не можете со него да пронајдете заеднички јазик?

– Па да, веќе ви кажав!

– Решение постои, многу е едноставно. Но не знам дали ќе го прифатите, кажувам со апсолутно искрено сомневање.

– И? Кажете!

– Како се вика вашиот син?

– Александар.

И тогаш вадам лист хартија, маркер, пишувам: „Син Александар, 14 години“ го ставам во оддалечен дел од ординацијата и му велам на мажот да го замисли својот син како стои на овој лист.

Мажот долго размислува…

– Успеавте?

– Да.

– А сега со спори чекори пријдете до листот, застанете на него, влезете во телото на синот и станете тој.

Очигледно полн со сомневање, мажот го стори тоа Затвора очи и долго молчи…

– А сега кажете што чувствувате?

– Страшна самотија. Солзи во грлото. Потреба да плачам.

– Зошто?

– Од лутина…Сите приговараат, се прават паметни…Ова не е добро, она не чини. Не сакам ниту да живеам, како за сите да сум некој изрод.

– За кого, за сите?

– Па за сеого.

– За кого?

– Па…за татко ми.

– А што би сакал од него?

– Барем еднаш да ме пофали. Да ме праша како сум. Да не се дере постојано. Да…и јас сум, сепак маж, да се гордее со мене…

– Вдишете и при издишувањето, симнете се од листот.

Мажот молчејќи, приоѓа до столицата, седнува. Жената ги брише солзите.

– Се сфатив, ненадејно тивко, речиси со шепот рече таткото.

– Се сфатив…Исто така се чувствував додека бев млад. А од татко ми само забелешки. Сега јас тоа истото го правам. Се сфатив…Благодарам.

Неговите очи, како и очите на неговата жена зелени. Јасни. Добри. Чувствителни…

Се траеше 18 минути. Прв пат во мојот живот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top