| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон загуби иако Џон Вол постигна 52 поени (видео)

dzon-vol

Изминатава ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари, од кои во еден од најинтересните Вашингтон загуби од Орландо со 124-116.

Гостите до десеттата победа во досега одиграни 22 меча ги водеше Елфирд Пејтон со 25 поени и девет асистенции, а уште шест играчи на Орландо имаа двоцифрен ефект. Џеф Грин дополни 20 поени, а Џоди Микс 18 поени. Бијомбо дуелот го заврши со 14 поени и 13 скока. Далеку најдобар кај домашните беше Џон Вол со дури 52 поени и осум асистенции.

Детроит пред своите навивачи славеше против Чикаго со 102-91. Победата дојде во последната четвртина која Детроит ја доби со 31019. Тобиас Харис со 22 поени беше најдобар кај домашните, додека подобар од останатите во редовите на Чикаго беше Џими Батлер со 32 поени и шест асистенции.

Победа синоќа запиша и Сан Антонио. Екипата на Грег Попович на гостински терен лесно се справи со Минесота победувајќи со 105-91. Спарси, по обичај, ги предводеше Леонард со 31 поен.

Њујорк на крилјата на Кармело Ентони дојде до победа против Мајами од 103-114. Најдобриот играч на Никси мечот го заврши со 35 поени, а со дабл-дабл ефект заврши и Јоаким Ноа со 10 поени и 10 скока.

НБА резултати:

Вашингтон – Орландо 116-124, Детроит – Чикаго 102-91, Минесота – Сан Антонио 91-105, Мајами – Њујорк 103-114, Мемфис – Филадефлија 96-91, Јута – Феникс 112-105

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top