По повод претстојните празници, Македонската опера и балет подготвува специјална Новогодишна претстава за деца, „Работилницата на Дедо Мраз“.
Во претставата учествуваат оперски солисти, детски артисти и детскиот хор на МОБ. Режисер на претставата е Љупка Јакимовска, детскиот хор го подготви Теа Богатинова, а соработник на сценариото е Десанка Глигориевиќ.
„Работилницата на Дедо Мраз“ е всушност приказна во која се раскажува за изработката на играчките-подароци за децата за Нова Година и брзањето на Дедо Мраз да стаса да ги разнесе до сите деца. Покрај Дедо Мраз ќе ги видиме и Баба Мразица, Месечината, Ѕвончица, Пинокио, Балерина, Снежната Кралица и многу други интересни ликови.
Претставата ќе се одигра на Малата сцена во Македонската опера и балет, во вторник, 20 декември, со почеток во 18 часот, а цената на билетот изнесува 150 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.