Вработените во McDonald`s не остануваат без работа. Сите 236 вработени во рестораните во Македонија остануваат на своите работни места и ќе се бара решение за повторно почнување со работа. Ваква порака им испрати сопственикот на компанијата „СЈ“, Светозар Јаневски на средбата која се оддржа на негова иницијатива. На средбата присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата која управува со McDonald`s франшизата во земјава.
И вработените се уверени дека компанијата продолжува со работ. Тие сметаат дека се работи за привремено затворање на рестораните, кое настанало како последица на околности на кои компанијата „СЈ“не можела да влијае.
– Компанијата „СЈ“, франшиза на McDonald`s за Македонија од 1997-ма година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonalds корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на McDonald`s франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата, беше констатирано на денешниот состанок наменет за информирање на сите вработени во McDonald`s рестораните во Македонија за новонастаната ситуација, стои во соопшението на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вкупно 958 вработени по рамковен ќе се распределат во МВР, УЈП, Јавно обвинителство
-
Шилегов им го укинал бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Добрината на газда Радомир: Плати летување за вработените, им купи автомобили, а еве што е следно