| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ му подари европска пролет на Лудогорец, Бешикташ декласиран во Киев (видео)

Вечерва на осум стадиони во Европа беше комлетирана групната фаза во Лигата на шампионите, односно се одигра последното шест коло.

ludogorec

Во групите А, Ц и Д однапред сеа знаеја патниците во следната рунда во најквалитеното натпреварување на стариот континент, освен во групата Б во која Бенфика, Наполи и Бешикташ имаа поеднакви шанси за првите две места. Бешикташ сам си одлулуваше за својата судбина бидејќи имаше само бод зад водечките две екипи и со евентуален триумф во Киев против Динамо ќе беше сигурен патник, додека Бенфика и Наполи беа во подредена улога и било кој резултат во Лисабон можеше да се случи да испадне едната екипа, односно да игра само Лига Европа на пролет.

Сепак така не мислеше веќе отпишаниот Динамо Киев кој буквално го торпедираше турскиот гигант нанесувајќи му тежок пораз од 6-0. Ова воедно беше и само првиот пораз на Бешикташ во шесте кола, но тоа ништо не значеше и сега мора да се задоволат само со пласман во второто по ранг европско натпреварување.

Главен виновник за поразот во Украина, Турците пронајдоа во шкотскиот судија Топмпсон кој покажа два црвени картони за фудбалерите на турскиот шампион Бек и Абубакар и со тоа им ја олеснија работата на домаќините. Екипата на Ребров поведе со голот на Бјесидин во 9. минута, а до одморот Јармоленко од пенал и Бујалски го решија прашањето на победникот. Дерлис Гонзалез, Сидорчук, Мораиш во продолжувањето само ја направија победата супер-убедлива.

Се чини дека сепак најголем губитник во последното коло е ПСЖ, кој одигра само 2-2 на „Паркот на принцовите“ против атусајдерот Лудогорец и му подари европска пролет. До ова коло ПСЖ и Арсенал имаа ист број бодови, но „светците“ имаа подобра меѓусебна гол разлика и се чинеше дека Лудогорец нема што да бара во Париз. Сепак Арсенал стигна до рутинска победа против Базел нагости до 1-4, а ПСЖ мора да се задоволи само со второто место. Лудогорец два пати водеше, а ПСЖ едвај стигна и до еден бод со голот на Ди Марија во судиското продолжение.

Барселона без проблеми ја совлада екипата на Борусија Менхенгладбах со 4-0. Каталонците настапија без Нејмар, Ракитиќ, Бускетс, Пике и уште неколку првотимци, но сепак си поигруваа со противникот од Германија и стигнаа до рутинска победа. Лео Меси настапи во стартниот тим и го отвори резултатот, а во второто полувреме хет-трик постигна Арда Туран, кој уште еднаш потврди дека се наоѓа во топ-форма иако премногу ретко добива шанса во Примера дивизион.

Баерн Минхен го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 во меч кој немаше поголемо резултатско значење бидејќи баварците во секој случај остануваат на второто место, зад „јорганџиите“. Роберт Левандовски го постигна единствениот погодок со прекрасно изведен слободен удар во првото полувреме, а мора да се истакне дека гостите и покрај најавите настапија со силен тим, предводен од Гризман, Годин и Коке.

ГРУПА А:

Базел – Арсенал 1-4, ПСЖ – Лудогорец 2-2.
Табела: Арсенал 14, ПСЖ 12, Лудогорец 3, Базел 2.

ГРУПА Б:

Динамо Киев – Бешикташ 6-0, Бенфика – Наполи 0-2.
Табела: Наполи 11, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 5.

ГРУПА Ц:

Барселона – Борусија М. 4-0, Манчестер сити – Селтик 1-1.
Табела: Барселона 15, Манчестер сити 9, Борусија М. 5, Селтик 3.

ГРУПА Д:

Баерн М. – Атлетико М. 1-0, ПСВ Ајндховен – Ростов 0-0.
Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн 12, Ростов 5, ПСВ Ајндховен 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top