| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Македонскиот народ може да прости сè, ама не простува предавство (видео)

– Овој народ може да прости сè, ама македонскиот народ една работа не простува – предавство не се простува во Македонија – изјави вечерва од Куманово носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2  Никола Тодоров.

Тодоров вечерва се обрати пред младите, ветераните и како што рече хероите на Македонија во Куманово.

todorov

Во еуфоричната атмосфера и од салата каде ечеше „Едно име имаме“, Тодоров нагласи дека остануваат само уште неколку дена до победата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Две ипол години нè малтретираа, се обидуваа да ја фрлат Македонија на колена. Две ипол години пробуваа да покажат дека кај овој народ може да помине предавство – рече Тодоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top