| четврток, 6 декември 2018 |

Борис Џонсон си замина од тв-интервју после само едно прашање! (видео)

Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон напушти телевизиско интервју кое се пренесува во живо, откако новинарот го запраша кој е претседател на Јужна Кореа. Џонсон изјави: „Не се наоѓаме во паб на квиз“ и го повика новинарот Дермот Мурнаган да му се придружи во паб, додавајќи дека не сака да учествува во квиз во живо на телевизија.

boris-dzonson-1

Како што пренесуваат британските медиуми, денешниот инцидент е сличен на оној кога Муранган ја запраша министерката од сенка на Лабуристичката партија Емили Торнбери за името на францускиот министер за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top