| четврток, 6 декември 2018 |

„Мобил фестивал“ со тридневна програма „Синематик“ каде што во фокус се монтажерите

Седмото издание на „Мобил фестивал“ продолжува со дополнителна тридневна програма „Синематик“ која ги става во фокус монтажерите.
Програмата „Синематик“ опфаќа четири проекции (7 и 8 декември) на долгометражни филмови во соработка со Eye on Films од Франција, платформата за поддршка на први и втори играни филмови на режисери и работилница за изработка на трејлери за онлајн промоција на филмови (12 декември).
Специјален гостин е режисерот Тиери Себан од Франција, кој после проекцијата ќе одговара на прашања од публиката.
Влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top