| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер го откажа учеството на егзибициската ИПТЛ-лига

rodzer-federer

Роџер Федерер, најдобриот тенисер на сите времиња го откажа настапот на ИПТЛ лигата (егзибициски турнир кој се одигрува во повеќе градови ширум Азија и е под покровителство на големите компании „Кока-Кола“ и „Катар Ервејс“ поради лошата организација и моменталната финансиска состојба во која се наоѓа ова натпреварување.

– Имавме многу проблеми оваа година, но мислам дека ќе ги надминиме. Поради моменталната финансиска состојба моравме да им се обратиме на Федерер и Серена Вилијамс и им објаснивме како стојат работите – изјави првиот човек на лигата Махаш Бупати.

Ова натпреварување за првпат се одржа во 2014 година, а поради големите финансиски проблеми оваа година на организаторите им се заканува и откажување на останатите тенисери кои потврдија учество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top