| четврток, 6 декември 2018 |

Не смее да се заборави: На СДСМ не му личи да биде патриотска партија, Заев е за двојазичност и редефинирање на Македонија (ВИДЕО)

За Заев е погрешно да си патриот и бранител на сопствената држава и поредок, а сите тие што го дадоа животот и гордо застанаа на браникот на нашата татковина Македонија, не смеат да го добијат заслуженото, затоа што не требало да бидат патриоти, не смеело да чувствуваат љубов кон својата татковина, како што тој и неговата предавничка банда не го чувствуваат тоа.

Дека целта на Заев не е да стане премиер на обединета и унитарна Македонија, за чиишто граѓани ќе обезбеди подбар живот, како што вели, тука во Македонија, туку да ја распарчи и да им ја подари на соседите за да си обезбеди лична благосотојба, тој најави уште во 2013 година, набрзо откако стана лидер на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев признава дека СДСМ водел погрешна политика, особено, како што рече тогаш во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М, чијшто уредник беше поранешниот новинар, а сегашен висок функционер на СДСМ, радикалниот исламист Мухамед Зекири, обидите да се игра на патриотска карта за да се добијат политички поени.

Заев тогаш рече дека потезите на СДСМ како поддршката на Законот за бранители и етничките коалиции во Струга и Кичево се грешка на партијата. Новиот лидер на СДСМ ја најави агендата штпо ќе ја остварува во годините потоа со тврдењето дека таквото однесување не ѝ личи на партијата, а според него требало да се најде решение и за поранешните припадници на ОНА.

–       Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворната партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така да обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, како Законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат нас. Луѓето очекуваат ние да бидеме сплотувачкиот фактор, рече спроведувачот на великоалбанската идеја во Македонија, Зоран Заев.

Заев јавно ги изнесе имињата на неговите најблиски соработници како Радмила Шеќеринска на функцијата потпретседател на партијата, Оливер Спасовски – генерален секретар и даде до знаење дека во партијата нема да има место за оние кои заминале од партијата и во континуитет ја критикувале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top