| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Талат Џафери се дружеше со ренџерите

rendzeriОваа обука е неопходна бидејќи на припадниците на Полкот за специјални операции им овозможува да се справат со сите потреби во различни временски услови и на различни терени и да се снаоѓаат во природата“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, при денешната посета на Ренџерскиот баталјон кој се наоѓа на повеќедневна обука за преживување во природа на планината Бистра.

sise

Воедно, министерот Џафери посочи дека Ренџерите совршено ги имаат совладано своите теоретски предзнаења и техники за снаоѓање и преживување  во природа и дека истите целосно ги имаат пренесено и во пракса.

rendz-520

Присутните високи лица од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, меѓу кои и заменикот на началникот на Генеалштабот на АРМ, генерал-мајот Насер Сејдини и Командантот на Полкот за специјални операции, полковникот Павле Арсовски, имаа можност да се запознаат со условите за престојување во природа, но и да пробаат дел од исхраната припремена од Ренџерите.

rendzer

Оваа обука вклучува поголем број различни елементи, како техники за припрема и поставување на камп, техники за ловење на диви животни и собирање на диви растенија како начин на исхрана и нивно приготвување во природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top