| четврток, 6 декември 2018 |

Најбогатите 21 во Европа

На листата на најбогати луѓе во Европа на „Сандеј тајмс“ годинава се најдоа луѓе кои живеат или потекнуваат од стариот континент и кои располагаат со најголемо богатство во Европа.

21-dieter-schwarz-and-family

21. Дитер Шварц и семејството

Богатство: 12 милијарди фунти (14,26 милијарди евра)

Сопственикот на групацијата „Шварц“, во чијашто сопственост се синџирот супермаркети „Лидл“ и хипермакетите „Кауфланд“. Дитер Шварц е најбогат човек во Германија.

20-kirsten-finn-and-jorn-rausing

20. Кирстен, Фин и Јорн Раусинг

Богатство: 12,9 милијарди фунти (15,3 милијарди евра)

Трета генерација наследници на компанијата „Тетрапак“

19-leonardo-del-vecchio

19. Леонардо дел Векио 

Богатство: 12,9 милијарди фунти (15,3 милијарди евра)

Сопственик и основач на „Луксотика“, најголемиот произведувач на очила и леќи во светот.

upload-2-pic4_zoom-1000x1000-83401

18. Шри и Гопи Хиндуџа

Богатство: 13 милијарди фунти (15,44 милијарди евра)

Сопственици на компанијата „Хиндуџа груп“, за производство на автомобили, родени во Индија, но живеат во Лондон.

17-david-and-simon-reuben

17. Дејвид и Сајмон Рубен

Богатство: 13,1 милијарди фунти (15,6 милијарди евра)

Исто така браќа родени во Индија, кои живеат во Лондон. Работат со недвижнини, а меѓу другото сопственици се на стоковната куќа „Џон Луис“, аеродромот „Оксфорд“  и лондонскиот хелиодром.

16-georg-and-maria-elisabeth-schaeffler-and-family

16. Георг и Марија-Елизабета Шефлер

Богатство: 14,1 милијарди фунти (16,7 милијарди евра)

Сопственици на 80% од групацијата „Шефлер“ (останатите 20% припаѓаат на нивната мајка), инаку водечки светски производител на индустриски и автоделови.

15-giovanni-ferrero-and-family

15. Џовани Фереро и семејството

Богатство: 15,1 милијарди фунти (17,9 милијарди евра)

Лидер на семејната компанија „Фереро“, најпозната по кремот „Нутела“ и чоколадните бонбони „Фереро роше“.

14-alain-and-gerard-wertheimer

14. Ален и Жерар Вертхајмер

Богатство: 16,4 милијарди фунти (19, 5 милијарди евра)

Сопственици на модната куќа „Шанел“

13-the-mulliez-family

13. Семејството Мулие

Богатство: 16,6 милијарди фунти (19,7 милијарди евра)

Семејството ја води „Арно“ групацијата која се занимава со малопродажба.

12-george-soros

12. Џорџ Сорос

Богатство: 17,1 милијарди фунти (20,3 милијарди евра)

Менаџер на фондови и политички донатор.

11-axel-dumas

 

11. Аксел Дума

Богатство: 17,3 милијарди фунти (20,55 милијарди евра)

Раководител на семејниот бизнис, компанија за луксузен накит, облека и слично „Хермес“

10-the-oeri-hoffmann-family

10. Семејството Оери-Хофман

Богатство: 18,4 милијарди фунти (21,8 милијарди евра)

Основачи на швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“

9-the-henkel-family

9. Фамилијата Хенкел

Богатство: 18,7 милијарди фунти (22,2 милијарди евра)

Компанијата „Хенкел“ е една од водечките во Европа, а меѓу нивните најпознати прозиводи се прашокот за перење „персил“, линиите за нега на коса „шварцкоф“ и „сајос“ и многу други.

8-stefan-persson-lottie-tham-and-family

8. Стефан Персон

Богатство: 21,7 милијарди фунти (25,8 милијарди евра)

Сопственик на компанијата „H&M“

7-bernard-arnault

7. Бернар Арно

Богатство: 23,6 милијарди евра (28 милијарди евра)

Најбогатиот човек во Франција, сопственик на компанијата под чијашто капа работат фирми како „Луи Витон“ и „Моет“.

6-liliane-bettencourt

6. Лилијан Бетанкур

Богатство: 25 милијарди фунти (29,7 милијарди евра)

Основач на компанијата „Лореал“, која во последните години страда од деменција.

5-stefan-quandt-and-susanne-klatten

5. Стефан и Сузана Квант 

Богатство: 25,4 милијарди фунти (30,2 милијарди евра)

Наследници на компанијата „БМВ“

4-sergey-brin

4. Сергеј Брин

Богатство: 26,1 милијарди фунти (31 милијарди евра)

Коосновач на „Гугл“ и сопственик на „Алфабет“. 12 најбогат човек во светот.

3-karl-albrecht-jr-beate-heister-and-family

3. Карл Албрехт Јуниор 

Богатство: 27,1 милијарди фунти (32,2 милијарди евра)

Наледник на синџирот на дисконт супермаркетите „Алди“, кои во моментот имаат 10 илјади продавници низ светот.

1-ingvar-kamprad-and-family

2. Ингвар Кампрад

Богатство: 38,3 милијарди фунти (45,5 милијарди евра)

Сопственик и основач на „Икеа“

1-amancio-ortega

1. Амансио Ортега

Богатство: 50,2 милијарди фунти (59,6 милијарди евра)

Најбогатиот човек во светот според „Форбс“, сопственик на текстилната компанија „Индитекст“, во која се создаваат брендовите „зара“, „масимо дути“, „пул ен бер“, „бершка“, „страдивариус“ и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top