| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски од Дојран и Богданци: Продолжуваме со развој на туризмот и стимулирање на земјоделството

-Ќе ги продолжиме субвенциите за привлекување на странски туристи и ќе ги зголемиме за нови 6 милиони евра, како финансиска поддршка за дополнителен број на авионски дестинации по ниски цени на билети. Очекуваме дополнителен раст на бројот на туристи. Со цел да ја распространиме можноста за занимавање со туризам за прв пат предвидуваме финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства на семејни фарми во рурални средини кои ќе се користат за туристички цели. Финансиската поддршка е во износ од 60 проценти од докажаните трошоци и ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот во селски домаќинства- истакна Груевски на средбите со граѓаните во Дојран и во Богданци.

Ќе овозможиме и подобрување на условите на кредитната линија на производство, преработка и извоз на земјоделски производи, што е важно за агропреработувачката индустија на навремен откуп на земјоделските производи и плаќање кон земјоделците, вели Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top