| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: На 11 декември да гласаме за завршување на кризата

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев вечерва се обрати пред жителите на општина Јегуновце.

– На 11 декември, покрај за завршување на кризата и економските проекти треба јасно и недвосмислено да гласаме и за опстојување на општина Јегуновце во овие граници и со овие села, Јегуновце да биде силна општина и подржана од владата на Македонија со проекти. Ако имаме стабилна влада многу повеќе проблеми ќе можеме да решиме но ако немаме стабилна влада и ако државата не ни е стабилна, тогаш ќе биде многу потешко, бидејќи не само што нема да може да решаваме проблеми,туку проблемите ќе се зголемуваат, рече Ѓорчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top