СДСМ ќе дале живот во Македонија, но почитуван Зоран Заев, во Македонија има живот. Во Македонија за прв пат младите имаат лидер каков што е Никола Груевски и затоа младите ќе го дадат својот избор на 11 декември. Јасно е СДСМ има само 55 проекти за младите во наредните години, додека пак ВМРО-ДПМНЕ има над 150 проекти наменети за младите за во следните четири години, изјави Владимир Нелоски кандидат за пратеник во ИЕ 1.
-ВМРО-ДПМНЕ има проекти за студентите, има проекти за нови вработувања на младите луѓе, имаат проекти за средношколците како и многу други проекти. Ние младите да не дозволиме да и наштетат на ова парче земја, да не дозволиме да говориме друг јазик, ние имаме еден јазик, едно знаме и една држава и да не дозволиме да ни ја распрачат државата. Да не дозволиме да пиеме кафе во Дебар маало кое доколку СДСМ дојде на власт ќе го смени своето име со албански назив, да не дозволиме да гледаме фудбал на стадионот кој ќе носи албанско име и да не дозволиме да се радуваме на победите на нашиот плоштад Мајка Тереза кој би се викал „Нене Терез“ доколку СДСМ дојде на власт, потенцираше Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)