| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ ги постави македонското село и земјоделските политики на вистинското место

ВМРО-ДПМНЕ ги постави на вистинското место земјоделските политики и македонското село и покажува како искрено треба да се цени трудот на македонскиот земјоделец. За нас, земјоделството и македонското село претставуваат неделив сегмент од економскиот и националниот развој на нашата држава, истакна Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за време на вчерашната посета и средба со земјоделците од  во Општина Тетово,  Сарачино, Брвеница, Теарце и Јагуновце, Жилче. На оваа посета исто беше присутен и носителот на ИЕ6 на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006 – 2016 година намени вкупно 1.055 милиони евра за македонските земјоделци, односно од 20 милиони евра во 2006 година континуирано ги зголеми на 140 милиони евра во 2016 година.

brvenitsa-2-640x360–Продолжуваме со интензивните инвестиции во инфраструктура за подобрување на животот на луѓето и изгледот на руралните места, како што се: селските улици и патчиња, водовод, канализација и пречистителни станици, уредување на мали плоштади, пешачки патеки и други јавни површини во населените места, поврзување со туристичките локалитети итн. по 20 милиони годишно 2017- 2020 година. Намалување на ддв-то на ветеринарните лекови и на услугите од страна на ветеринарните друштва од 18% на 5% со што ќе се подобри финансиската кондиција на ветеринарните станици кои со оваа поддршка треба да ја модернизираат опременоста и подобрат ликвидноста во работењето, истакна Костадиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top