| четврток, 6 декември 2018 |

Двојазичноста директно се коси со Законот за служба во АРМ (видео)

Воведувањето на двојазичност во земјава, директно се коси со Членот 5 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Членот 5 е недвосмислен кога вели Службен јазик во Армијата е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо. Самиот чин на воведување на двојазичност во земјата, ќе создаде и непотребни потешкотии во извршувањето на секојдневните воени задачи, обуки и вежби, анализира ТВ Нова.

Целата кореспонденција што се врши во АРМ, сите наредби, документи и доктрини се пишуваат исклучиво на македонски јазик, вели Началникот на Генерал Штабот на Република Македонија, генерал пот-полковник Методија Величковски, за време на посетата на касарната Јане Сандански во Штип.

velickovski-640x363Од Армијата додаваат дека, не случајно, и наредбите и документите и кореспонденцијата во командата на НАТО, се извршуваат исклучиво на еден, официјален јазик, англискиот.

Не само во Армијата, двојазичноста може да биде катастрофална и во операционите сали, предупредуваат и докторите и вработените во јавното здравство. Тие велат дека двојазичноста може да се одрази и на професионалноста на докторите и ќе ја отежни дополнително работата на шалтерите, со што неминовно ќе се створат гужви, од кои најмногу ќе страдаат пациентите, анализира ТВ Нова.

Темата за воведување двојазичност во Македонија стана актуелна откако лидерот на СДСМ Зоран Заев пред дијаспората во Швајцарија јавно се пофали дека тој е првиот македонски политичар кој храбро го отворил прашањето за двојазичност во земјава и почнал да поставува двојазични табли и албански знамиња на партиските штабови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top