Владејачката партија реагира на изјавите на Андреј Жерновски дека буџетот на општина Центар е веќе испразнет. Од ВМРО-ДПМНЕ му забележуваат дека наместо да работи тој манипулира.
-Андреј Жерновски веќе месец дена наместо да ја врши работата за која што е избран и платен од граѓаните на Општина Центар, се занимава со манипулации кои треба да му бидат алиби за неспособноста да менаџира со општината.Функцијата градоначалник подразбира реализирање на проекти кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивните потреби. Тоа Жерновски ниту пред изборите, ниту сега може да го разбере, бидејќи никојпат не работел за да знае што е корисно за неговите сограѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Обидите за манипулација кои ги прави Андреј Жерновски, според владејачката партија, само покажуваат дека тој воопшто незнае како функционира една едница на локалната самоуправа, па за своето незнаење сака да бара виновници секаде освен во самиот себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


