И на влезот на Охрид граѓаните пред вечерашниот митинг на СДСМ го кажаа својот став за заложбите за двојазичност и федерализација.
Охриѓани со герила акција, каква што беше направена низ многу градови во Македонија каде што СДСМ одржуваше митинг, денеска го поздравија Заев и сопартијците.
„Охрид не сака двојазичност“ пишува на банер на влезот на Охрид спротивставувајќи се на ставовите и идеите на опозицијата за двојазичност на територијата на цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.