Кристијан Делев е нов заменик-министер за економија на местото на Катерина Велковска, која поднесе оставка поради лични и приватни причини.
Делев е именуван на оваа функција на денешната седница во Собранието. Тој доаѓа во министерството за економија од Агенцијата за привклекување странски инвестиции, каде што досега бил заменик-директор. Се образувал во САД, , а постдипломските студии ги завршил на Универзитетот Шефилд во Солун.
Претходно работел како консултант претежно во областа на економијата, здравството, земјоделството, а бил и заменик-министер за земјоделство, државен секретар во МЗШВ, директор на Агроберза. Во приватниот сектор работел главно како консултант за економски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делев: Изминатите 100 дена Македонија доживеа економско фијаско
-
Невидена дрскост: Колку повеќе опаѓа интересот за играње револуција, толку повеќе се радикализира сквернавењето (ФОТО+ВИДЕО)
-
До енергетска ефикасност, преку нови девет милиони евра кредит од ЕБОР
-
Концесиите за геолошки истражувања се доделени