Рецесијата е реалност, ние веќе живееме во рецесија. Изминатите 100 дена Македонија доживеа економско фијаско со сите мерки и акции од новата Влада, изјави Кристијан Делев – поранешен министер од редовите на ВМРОД-ДПМНЕ.
„Загрижувачки е што градежниот сектор застана со работа и сите тие капитални проекти се заглавени. Градежништвото е еден од најголемите контробутори кон буџетот. Она што се случи ќе има дополнителни негативни ефекти и дополнително бројките ќе се намалуваат. Можеби ќе завршиме со негативен раст. Со најновите политики сигурен сум дека повеќе нема да добиеме странски инвестиции и инвеститори. Драстичната промена и концепт што не е базиран на анализа ќе направат да ги одвратиме сите инвеститори што беа најавени во изминатиот период, а се разботеше за околу 60 компании. Другите држави стануваат поконкуренти и подобри дестинации од Македонија“, изјави Делев.
Делев гостуваше во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, на тема „Економски ветувања и перспективи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.