Идентично како и минатата седмица, Лина Ѓорческа одново забележа напредок на светската ВТА ранг листа. Најдобрата македонска тенисерка повторно се доближи до топ-200 светски тенисерки откако направи минимален скок од едно место на табелата во однос на минатата седимца. минатиот понеделник Ѓорческа беше рангирана како 205. тенисерка во светот, а денес е едно место погоре, на 204. место во поединечната конкуренција.
Напредок од две места направи и Магдалена Стоилковска која сега е рангирана како 1172. тенисерка во светот.
Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа забележа и огромен напредок од седум позиции, па сега е рангирана како 129. додека Стоилковска падна четири места и во моментов е стационирана на 1080. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.