| четврток, 6 декември 2018 |

Тематските вечери во „Јавна соба“ завршуваат со вкусот на Холандија

Холанѓаните јадат здрава и вкусна храна, базирана на зеленчуци, риба и месо. Просечен животен век кај луѓето во Хоалндија е 80 години. Холандија е четврта по ред земја извозник на храна во светот

Ценарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ продолжува со социјалната програма за кулинарско издигнување, односно запознавање на други култури преку организирани кулинарски презентации. В среда, 7 декември со почеток од 20 часот во „Јавна соба“ на репертоар е холандската кујна. Под водство на Холанѓанецот Пол Хотхаузен првпат во Македонија ќе се дегустираат врвни специјалитети  од северниот дел на Европа.

Холанѓаните јадат здрава и вкусна храна, базирана на зеленчуци, риба и месо. Просечен животен век кај луѓето во Холандија е 80 години. Холандија е четврта по ред земја извозник на храна во свет.

В среда на мени се сервираат холандска супа од зеленчук со телешко месо и крцкава сланина, салата од цикорија, порција зајак со традиционално  пире од четири зеленчуци ,  пита од јаболка и  божикни круши во сос од вино.

Јавна соба со оваа тематска вечера  го заокружува циклусот на  вечери  за 2016 година. Во 2017 година проектот „Вкусот на Скопје“ продолжува, во јануари 2017 најавени се готвачи од светски калибар од Италија, Хрватска и Велика Британија, кои ќе одржат серија на работилници за поширока јавност.

Јавна соба е центар за гастронсмко уживање, каде покрај редовното мени, кое изобилува со врвни специјалитети, се организираат презентации на молекуларан гастрономија и се презентираат сите новитети во кулинарсвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top