Турскиот репрезентативец, Нури Сахин никако не може да помине сезона без некоја повреда. Во саботното дерби тој се здоби со мала повреда на коленото, која ќе го оддалечи од терените во следните две недели.
Јулијан Вегл беше неговата замена по одиграни само 36 минути, во победата на „Сигнал Идуна Парк“ против Борусија Менхенгладбах (4-1). По натпреварот Турчинот изјави дека почувствувал болка на стартот на натпреварот, но се надевал дека ќе може да одигра барем едно полувреме.
Повредата денес беше потврдена од екипата, која на социјалните мрежи напиша дека Сахин нема посериозна повреда и ќе отуствува само две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.