Видеото го следи средношколецот Еван, кој си разменува пораки на клупа во училишната библиотека со непозната девојка. Пред почетокот на распустот, Еван случајно ја запознава девојката со која флертуваше. Додека тие разговараат, во салата влегува вооружено момче, подготвено за напад.
– Додека вие го гледавте Еван, друг ученик покажуваше знаци дека планира пукање. Но, никој не забележа, се вели во видеото.
Потоа, видеото се фокусира на напаѓачот кој чита списанија за оружје, гледа видеа за стрелање, позира со пиштол на социјалните мрежи и е малтретиран од врсници.
Рекламата е на „Sandy Hook Promise“, непрофитна организација предводена од роднини на жртвите во грозоморниот напад на основното училиште „Sandy Hook“ пред 4 години. Тогаш, дваесетгодишниот Адам Ланза немилосрдно одзеде 26 животи, откако претходно го прекина животот и на својата мајка. За да биде трагедијата уште поголема, 20 од жртвите беа деца на возраст од 6 и 7 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)