Ние ли сме сликани како бараме пари или ти Заев? Ние ли ги праќавме тие пари кај бате Вице или ти ги праќаше? Ние ли дававме тендери на бате и на чиче и на вујче? Каже се ама на клучното прашање не одговори: Ми бараше ли мене пари или не? Како тоа ние бандити кога ти мене ми бараше пари, истакна Стевчо Јакимовски, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Струмица.
– Повеќе од година ипол го прозивам и ќути не кажува ништо, како дете кога ќе направи некоја беља. Знаете ли зошто не реагира? Па не може да се сети, не знае кому се и за што се барал мито. Јас знам дека многу го сака квизот милионер а таму има една рубрика 50-50 и таа е за со Вицето, а друга има помош од пријател па затоа јас сакам да му помогнам да го потсетам зошто ми бараше 250.000 евра. Во Струмица и струмичко, тендерот за управување со цврст отпад го доби австриската фирма Аса Интернешнл. Јас бев нејзин консултант. Од мене побара 250 000 евра , му кажав дека тоа не е можно, дека тоа е голема фирма и нема шанси за такви работи. Следниот пат дојде и ми даде ливче на кое пишуваше 50 000 евра за изградба на црквата, 50 000 ерава за спортот во Струмица, 50 000 рева за културата и 100 000 евра за него лично, оти Ромите го јаделе секое сабајле. Инаку тој не ги нарече Роми, поинаку ги вика а јас тој збор не можам да го употребам, рече Јакимовски.
За што му требале парите, за да купува Ромски души и гласови во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)