| четврток, 6 декември 2018 |

Народот им кажа НЕ на двојазичноста и федерализацијата што ја крои СДСМ: На митингот во Скопје помалку граѓани одошто лани во мај

Ниту Сорос, ниту албанските радикали, ниту екстремистите од Беса и оние инфилтрирани во високото раководство на СДСМ не успеаја да му ја протнат на овој народ евтината приказна за подобар живот во Македонија, кој скапо ќе го плати со поделба на земјата. По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, што се одржа вечерва пред Владата на РМ, јасно е дека погубната битка на предавниците на Македонија заврши погубно за нив самите.

Ниту автобусите од Струмица и Куманово, и целата администрација од Струмица, Куманово и Центар не го пополнија срамот од фијаското на решавачкиот митинг.

15301242_10209852889297159_294440895_n

Македонците не се подготвени да им ги предадат без борба земјата и иднината на своите поколенија на предавниците од дувлото на „Бихаќка“, а тоа го покажаа и вечерва, така што не се одѕваа и не дојдоа на митингот пред Владата.

Народот препознава дека зад „Планот за живот во Македонија“ се крие „план за двојазичност и федерализација на Македонија“. Затоа беше десеткуван бројот на граѓани присустни на митингот вечерва во споредба со митингот што го одржа СДСМ лани на 17 мај.

Организаторот дал се од себе за да го сокрие срамот, па бината беше поместена неколку метри понапред за разлика од лани во мај, а и празниот простор од бината до првиот ред во публиката беше зголемен за да ги истурка граѓаните колку што е можно поназад и да изгледа пополно. Празнината и малиот одѕив зборуваат за незадоволството од разнебитувачките политики на СДСМ.

sdsm-miting-skopje-4-12-2016

Празнините на „Илинденска“ СДСМ се обиде да го сокрие и со помош на осветлувањето, па осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен, па и на панорамските фотографии, само неколку што ги објавија функционерите на партијата се гледа еднен голем мрак.

sdsm-skopje

Очигледна е и нервозата на раководството на СДСМ кои незадоволни од посетеноста демонстрираат паника и се трудат со гласни извици и досетки да го прикријат своето незадоволство.

Ниту притисоците кои СДСМ ги правеше врз вработените во општините Струмица и Куманово каде што ја имаат локалната власт и автобусите од внатрешноста не придонесоа за значителна посетеност на која се надеваа во СДСМ.

Албанските знамиња и вечерва се вееја повисоко од македонските. Се пееше на албански, а имаше и транспаренти „Арачиново е со тебе“ и слични што е на линија на заложбите на Заев за воведување на двојазичност и редефинирање на државата.

СДСМ и нивните стратези веќе долго заговараат двојазичност и промена на Устав, а причината за ваквите антидржавни политики е надежта дека ќе добијат поддршка од албанскиот електорат. Кокетираат и ги продаваат државните интереси, за столче во Собрание и шеф на Влада.

Човекот кој цели да стане премиер на Република Македонија, лидерот на опозицијата Зоран Заев, бесрамно и јавно го претстави она што е напишано во нивната изборна програма. Идејата за федерализација и двојазичност сега доби и пишана предизборна рамка, во изборната програма на СДСМ „План за живот во Македонија“.

„Планот за живот во Македонија“ инаку предвидува федерализација и двојазичност, па истиот може и слободно да се преименува во „План за живот во федерална и двојазична Македонија“.

sdsm-programa-1-640x467

 

Заев на митинзите ја промовира токму оваа програма и план за разнебитување на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top