Полицијата на Азербејџан убила маж кој се подготвувал да изведе самоубиствен терористички напад во најголемиот трговски центар во Баку. Јами Емин, 38 годишен, убиен бил во трговскиот центар додека се обидувал да го активира експлозивот во појасот. Полицијата се обидувала да го спречи, јавуваат од националната безбедност.
Безбедносните сили имале информации за неговите намери за терористичка акција во Азербејџан.
Терористот минал девет години во затвор заради учество во терористичка завера во 2007 година. Тогаш во антитерористичка акција биле уапсени 20 припадници поврзани со Ал Каеда, меѓу кои и Јами Емин. Таа група планирала напад на амбасадите на САД и на Велика Британија во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември